Skip to main content

Posts

Showing posts with the label вечен живот

Како да добијам вечен живот

Библијата е од Бога вдахновена и затоа има тежина поголема од секоја друга книга на земјата. Она што е напишано во неа е вистината. Таа вистина нема да се промени ниту да стане невалидна. Кога оваа земја нема да постои повеќе, Библијата и понатаму ќе постои (Исаија 40:8). Кога нашиот Создател нѐ направи, сакаше да знаеме како да имаме вечно заедништво со Него. Библијата е еден вид на упатство со инструкции за нашиот духовен, морален и практичен живот. Библијата ни објаснува како да добиеме вечен живот иако ни е кажано од многу теолози дека тоа не се знае дури сме живи. Мојата Библија ми кажува друго! Не можам да потенцирам доволно колку е важно да го читаме ова љубовно Писмо од нашиот небесен Татко за да го разбереме она што Бог ни кажува. Како да добијам вечен живот според Исус ? Исус спомнува вечен живот често пати во четирите Евангелија, посебно во Евангелието според Јован:   Зашто Бог толку го  возљуби светот, што Го даде Својот Единороден Син, та секој, кој веру...

Поголема трагедија

Мои сакани пријатели, ако вие сте како мене, ги гледате овие трагични случки што се случуваат во светот моментално и мислите колку е страшно и жалосно за луѓето. Колку мора човештвото да страда! Вчера загинаа 298 души во несреќата на малезискиот авион во источна Украина. Каква трагедија! Секој ден умират луѓе од глад, убиство, прогонување, несреќи, абортус... Списокот нема крај! Но сабајлево дури да се молам ми дојде мислата дека ќе биде поголема трагедија ако умреме без Исус ! Библијата ни е дадена да нѐ предупредува за идниот суд во вечноста. Евреите 9:27-28: 'И како што на човекот му е определено да умре еднаш, а потоа суд, така Христос, откако беше принесен еднаш за да ги земе гревовите на мнозина, ќе се јави вторпат без грев, а спасение на оние кои го очекуваат.' Многу од вас мислите дека е доволно да живееме мирен живот на земјата и кога ќе умреме, ќе видиме дали ќе имаме шанса да влеземе на небо! Ова е голема грешка и лага! Слушајте што вели Библијата за таа тема:  ...

Добрата Вест

Го почнав денот со оваа прекрасна песна. Самата музика изразува мир и спокојство, а рефренот кажува дека Божјата љубов слезе од небото да ме спаси и да ме ослободи. Првата строфа вели: кога моето срце ми премира, и кога не можам да го слушам Твојот глас, се препирам на она што е вистинско, иако не можам да гледам.  Искрено, не знам каде ќе бев вечерва без Бог во мојот живот. Можеби мислете дека премногу сум влезена во овие духовни работи, но не можам доволно да ја објаснам важноста на духовниот живот. Божјиот стандард се наоѓа во десетте заповеди од книгата Излез 20:1-17 во Стариот Завет. Кој од нас може да каже дека не сум скршил ниеден од тие закони? НИЕДЕН ОД НАС!! Библијата вели дека сите сме згрешиле (Римјаните 3:23) и затоа Бог не може да нѐ прими кај Него во рајот како што сме. Тој е свет, а ние сме грешници без исклучок (освен Исус). Но има ДОБРА ВЕСТ.  Добрата Вест   Зборот 'евангелие' е од грчкиот збор 'εὐαγγέλιον'. Зборот означува 'добра ...