Skip to main content

Поголема трагедија



Мои сакани пријатели, ако вие сте како мене, ги гледате овие трагични случки што се случуваат во светот моментално и мислите колку е страшно и жалосно за луѓето. Колку мора човештвото да страда! Вчера загинаа 298 души во несреќата на малезискиот авион во источна Украина. Каква трагедија! Секој ден умират луѓе од глад, убиство, прогонување, несреќи, абортус... Списокот нема крај! Но сабајлево дури да се молам ми дојде мислата дека ќе биде поголема трагедија ако умреме без Исус! Библијата ни е дадена да нѐ предупредува за идниот суд во вечноста. Евреите 9:27-28: 'И како што на човекот му е определено да умре еднаш, а потоа суд, така Христос, откако беше принесен еднаш за да ги земе гревовите на мнозина, ќе се јави вторпат без грев, а спасение на оние кои го очекуваат.' Многу од вас мислите дека е доволно да живееме мирен живот на земјата и кога ќе умреме, ќе видиме дали ќе имаме шанса да влеземе на небо! Ова е голема грешка и лага! Слушајте што вели Библијата за таа тема: 

Секој, кој ќе Го повикува Господовото име ќе се спаси! (Римјаните 10:13)

Кој верува во Синот, има вечен живот; а кој не се покорува на Синот, нема да види живот, туку Божјиот гнев останува врз него. (Јован 3:36)

Во небесното царство нема да влезе секој човек што ми се обраќа со ,Господе, Господе‘, туку само оние кои го извршуваат она што од нив го бара Мојот небесен Татко. Кога ќе дојде Судниот ден, мнозина ќе ми велат: ,Господе, Господе! Ние во Твое име пророкувавме, во Твое име демони протерувавме и во Твое име чуда правевме!‘  Тогаш Јас ќе им речам: ,Никогаш не Сум ве познавал! Тргнете се од Мене вие кои ги кршевте Божјите закони!‘“ (Матеј 7:21-23 Од беседата на гората - зборови на Исус)

Ако сме Го запознале Исус преку покајание и вера во Неговата спасителна смрт и возкресение во сегашниот живот, Библијата вели дека имаме вечен живот. Ако не сме Го запознале Исус во сегашниот живот ќе значи дека немаме вечен живот и ќе ни каже на тој ден: 'Никогаш не Сум ве познавал! Тргнете се од Мене'. Поголема трагедија од оваа не постои! Ако треба да се тргнеме од Него, ќе бидеме во 'вечниот оган, подготвен за Ѓаволот и за неговите ангели' (Матеј 25:41).

Многу од вас кои ги читате овие зборови сте моите лични прекрасни пријатели. Премногу ве сакам и затоа морам да ви ги напишам овие зборови од Библијата како опомена. Не сакам вие да излезете пред Бог на суд без спасението што Тој ви го понуди денес. Тогаш ќе биде премногу доцна. Имаме можност да се покаеме и да Го прифатиме Исус денес, а утре може да бидеме веќе заминати од овој свет во вечноста. Затоа уште еднаш пишувам, слушајте што вели Божјото Слово: 

Ние, во улога на Божји соработници, ве молиме да не ја пропуштите Божјата милосрдна благонаклоност спрема вас, зашто Бог вели:
„Повикај Ме во вистинскиот час
и Јас ќе ти ја услишам молитвата;
побарај Ме во денот кога ти нудам спасение
и Јас ќе ти помогнам!“
Сега е вистинскиот час! Денес е денот кога Бог ти нуди спасение! (2 Коринтјаните 6:1-2)

Доколку верувате во спасителната жртва на Исус на крстот и веќе сте одлучиле да Го следите Исус од се срце, барајте заедништво со други верници за да растете во верата и во познавањето на Словото. Кој сака бесплатен Нов Завет или да доаѓа на Библиски час во 19.00 во вторник, пиши ми слободно. Темата е сериозна денес, но нека Бог да делува во сите нас. Негови зборови се и нашата одговорност е да ги прифаќаме со понизност.  

Comments

Popular posts from this blog

The Mystery that is Macedonia

When I first came to Macedonia on a visit in 2001, I found this little country so intriguing and breathtakingly beautiful that I happily accepted the invitation to return for a longer period. That ‘longer period’ has now extended itself to several years during which I have had many enriching, memorable experiences. I thought it might be interesting to jot down a few observations about the difference in culture. I appeal to my Macedonian readers not to misunderstand my intentions. What I have observed are customs and habits which are as normal to you as breathing and sleeping, but to someone from an entirely different culture, they are both interesting and noteworthy. It is always thrilling for me to explore how various nations function and it is nothing short of a privilege to experience a foreign culture first-hand. Hospitality Macedonians are a friendly, hospitable people. I do not know how many times they have almost literally killed me with kindness. Indeed, I have often...

Quiet Time

I must admit, I love the morning. The peace, the silence, the coffee... And most importantly, the presence of God! The Psalmist loved the morning. We can catch his sense of joy as he lifted up his heart to praise Yahweh, the Keeper of his soul. It is good to give thanks to the LORD, And to sing praises to Your name, O Most High; To declare Your lovingkindness in the morning, And Your faithfulness every night, On an instrument of ten strings, On the lute, And on the harp, With harmonious sound. For You, LORD, have made me glad through Your work; I will triumph in the works of Your hands. Psalm 92:1-4 Even though I grew up in a Christian family, I did not realize the importance of having a ‘quiet time’ with God each morning until I was 18. This materialized through a challenging teaching on the subject one Saturday evening. Then began an incredible journey of discovering truth for myself. The Bible is the LIVING WORD OF GOD! How exciting to hold it in our hands and learn throu...

Did Jesus Rise from the Dead?

The Garden Tomb, Jerusalem. And if Christ has not been raised, then our preaching is in vain and your faith is in vain. (1 Corinthians 15:14 ESV) In the past few days, I have read several articles that question the claims of Easter — ‘There is no evidence of the resurrection,’ the proponents write, ‘it is a fabrication, the Biblical text is not reliable…’ On the contrary, the existing evidence presents a solid argument. The apostle Paul asserts that the litmus test of Christianity is the resurrection. The more I read and analyze the evidence, the more I become convinced intellectually in addition to knowing the living Christ by faith. Testimony of Women The Gospel writers record that the first witnesses of the empty tomb were women: Now it was Mary Magdalene and Joanna and Mary the mother of James and the other women with them who told these things to the apostles. (Luke 24:10 ESV) In the first century, a woman’s testimony did not count; if the story had been fabricated, Luke and the o...