Skip to main content

Како да добијам вечен живот



Библијата е од Бога вдахновена и затоа има тежина поголема од секоја друга книга на земјата. Она што е напишано во неа е вистината. Таа вистина нема да се промени ниту да стане невалидна. Кога оваа земја нема да постои повеќе, Библијата и понатаму ќе постои (Исаија 40:8). Кога нашиот Создател нѐ направи, сакаше да знаеме како да имаме вечно заедништво со Него. Библијата е еден вид на упатство со инструкции за нашиот духовен, морален и практичен живот. Библијата ни објаснува како да добиеме вечен живот иако ни е кажано од многу теолози дека тоа не се знае дури сме живи. Мојата Библија ми кажува друго! Не можам да потенцирам доволно колку е важно да го читаме ова љубовно Писмо од нашиот небесен Татко за да го разбереме она што Бог ни кажува.

Како да добијам вечен живот според Исус?

Исус спомнува вечен живот често пати во четирите Евангелија, посебно во Евангелието според Јован:
  Зашто Бог толку го возљуби светот, што Го даде Својот Единороден Син, та секој, кој верува во Него, да не загине, туку да има вечен живот. (3:16)

Кој верува во Синот, има вечен живот; а кој не се покорува на Синот, нема да види живот, туку Божијот гнев останува врз него.  (3:36)

Вистина, вистина ви велам: кој го слуша Моето слово и верува во Оној, Кој Ме прати, има вечен живот и не доаѓа на суд, туку преминал од смртта во живот. (5:24)

Зашто тоа е волјата на Мојот Татко, секој што ќе Го види Синот и поверува во Него - да има вечен живот, и Јас ќе го воскреснам во последниот ден.(6:40)

Вистина, вистина ви велам: кој верува во Мене има вечен живот. (6:47)

А ова е вечен живот: да Те познаат Тебе, Единствениот вистински Бог, и Исуса Христа, Кого си Го испратил. (17:3)


Овие стихови се само мал дел од она што го вели Исус за вечниот живот во Светото Писмо. Покасно во историјата на црквата Павле проповедал за вечниот живот. Се спомнува во Апостолски Дела и во своите посланија.

Тогаш Павле и Варнава им рекоа одлучно: „Требаше најнапред вам да ви се проповеда Божјото Слово; но бидејќи вие го отфрлате од себе и не се сметате достојни за вечниот живот, еве, ние им се обраќаме на народите... (Дела 13:46)

Но со твојата закоравеност и со непокајаното срце самиот собираш гнев врз себе, за денот на гневот и на откривањето на праведниот Божји суд,Кој ќе му даде секому според неговите дела:на оние, кои со трпение прават добро и бараат слава, чест и непропадливост - вечен живот; (Римјаните 2:5-7)

А добив милост токму затоа, за да ја покаже Христос Исус, прво во мене, сета своја трпеливост, за пример на оние, кои ќе веруваат во Него за вечен живот. (1 Тимотеј 1:16)

Павле, Божјиот слуга и апостол на Исуса Христа, според верата на Божјите избраници и познавањето на вистината, која е според побожноста,во надежта за вечен живот, што пред вечни времиња го вети Бог, Кој не лаже... (Тит 1:1-2)

Одржете се себеси во Божјата љубов, ревносно очекувајќи ја милоста на нашиот Господ Исус Христос за вечен живот.. (Јудино Послание 21)

Апостолот Јован (авторот на Евангелието според Јован) исто така пишува за вечен живот во своето послание 1 Јованово:

Што чувте од почетокот тоа да остане во вас. Ако остане во вас она што го чувте од почетокот, и вие ќе останете во Синот и Таткото. А ова е ветувањето што Тој ви го вети: вечен живот. (1 Јованово 2:24-25)

И ова е сведоштвото: Бог ни даде вечен живот, и тој живот е во Неговиот Син.Кој Го има Синот, има живот; кој Го нема Божјиот Син, нема живот.Ова ви го напишав вам, кои верувате во името на Божјиот Син, за да знаете дека имате вечен живот и да верувате во името на Божјиот Син. (1 Јованово 5:11-13)

Вечниот живот е централна тема во Библијата. Исус умре како жртва за нашите гревови за да живееме вечно со Него. Ако немаме досега побарано прошка за нашите гревови преку Исус, не се простени и немаме вечен живот. Вистинското покаjaние е да бараме прошка и да одиме во другиот правец - да не ги правиме тие гревови повеќе. Не можеме сами да се откажеме од гревовите затоа што сме родени како робови на гревот. Имаме погрешна природа. Треба да признаеме пред Бога дека сме изгубени (беспомошни) и да веруваме во спасителната моќ на Исус преку Своето дело на крстот. Исус умре за да нѐ ослободи од гревот. Оние кои веруваат во Него и Го примаат во нивните срца ќе Го добијат Светиот Дух и нова природа за да можат да живеат праведно за Божјата Слава на оваа земја. Спасени сме преку верата, не преку крштевањето, црквата, проповедници, добри дела.... Време е да го читаме внимателно она што е напишано во Библијата за овие премногу важни теми. Се разбира дека сѐ се чита во контекст и со помош на Светиот Дух кој го осветлува нашиот човечки ум и помага да влезе вистината во нашето срце. 

Џон Маквојд пишува една молитва за покајание во својата книга Знаење и Пракса:

Милостив Боже, јас згршив против тебе и ми е жал за сите погрешни работи што ги имам направено. Господе Исусе Христе, благодарам што ме засака и што умре за моите гревови на крстот. Сега те молам да ме простиш. Влезе во мојот живот денес. Дај ми сила да се откажам од моите минати гревови и да го живеам целиот мој живот на начин кој ќе ти биде угоден. Сакам да бидеш мојот Спасител и Господар засекогаш. Амин.

Можеме да ја кажеме оваа молитва или да се молиме со свои зборови. Господ ќе ја услиши искрената молитва. 


Comments

Popular posts from this blog

The Mystery that is Macedonia

When I first came to Macedonia on a visit in 2001, I found this little country so intriguing and breathtakingly beautiful that I happily accepted the invitation to return for a longer period. That ‘longer period’ has now extended itself to several years during which I have had many enriching, memorable experiences. I thought it might be interesting to jot down a few observations about the difference in culture. I appeal to my Macedonian readers not to misunderstand my intentions. What I have observed are customs and habits which are as normal to you as breathing and sleeping, but to someone from an entirely different culture, they are both interesting and noteworthy. It is always thrilling for me to explore how various nations function and it is nothing short of a privilege to experience a foreign culture first-hand. Hospitality Macedonians are a friendly, hospitable people. I do not know how many times they have almost literally killed me with kindness. Indeed, I have often...

Quiet Time

I must admit, I love the morning. The peace, the silence, the coffee... And most importantly, the presence of God! The Psalmist loved the morning. We can catch his sense of joy as he lifted up his heart to praise Yahweh, the Keeper of his soul. It is good to give thanks to the LORD, And to sing praises to Your name, O Most High; To declare Your lovingkindness in the morning, And Your faithfulness every night, On an instrument of ten strings, On the lute, And on the harp, With harmonious sound. For You, LORD, have made me glad through Your work; I will triumph in the works of Your hands. Psalm 92:1-4 Even though I grew up in a Christian family, I did not realize the importance of having a ‘quiet time’ with God each morning until I was 18. This materialized through a challenging teaching on the subject one Saturday evening. Then began an incredible journey of discovering truth for myself. The Bible is the LIVING WORD OF GOD! How exciting to hold it in our hands and learn throu...

Did Jesus Rise from the Dead?

The Garden Tomb, Jerusalem. And if Christ has not been raised, then our preaching is in vain and your faith is in vain. (1 Corinthians 15:14 ESV) In the past few days, I have read several articles that question the claims of Easter — ‘There is no evidence of the resurrection,’ the proponents write, ‘it is a fabrication, the Biblical text is not reliable…’ On the contrary, the existing evidence presents a solid argument. The apostle Paul asserts that the litmus test of Christianity is the resurrection. The more I read and analyze the evidence, the more I become convinced intellectually in addition to knowing the living Christ by faith. Testimony of Women The Gospel writers record that the first witnesses of the empty tomb were women: Now it was Mary Magdalene and Joanna and Mary the mother of James and the other women with them who told these things to the apostles. (Luke 24:10 ESV) In the first century, a woman’s testimony did not count; if the story had been fabricated, Luke and the o...