Овие се јаки, сериозни зборови во клипчето. Има превод на македонски kaj captions (но со мали грешки - possessions = сопственост). Во евангелието според Лука 14:33, вели Исус: ' имено така, ако некој од вас не се одрече од сѐ што има, не може да биде Мој ученик .' Кој е подготвен да Го следи Исус? Треба да Му дадеме сѐ што имаме! Мислиме често пати дека ќе имаме голема загуба и затоа избегнуваме од целосна предаденост. Колку е милостив Господ дека сака да излеа врз нас благослов со полна мерка, но кога нашите раце се полни со нашите планови амбиции и предмети, не можеме да го добиеме тој благослов со полна мерка од Него! Дали знаеме кој е Господ Исус? Не е само како банкомат - кога имаме потреба од здравје, помош или среќа, тогаш да се молиме да ни ги дава тие работи како што ќе извадиме пари од банкоматот. Клипчето нѐ потсетува дека Тој е газда на овој свет. Тој ќе се врати како лав да суди. Тогаш ќе има праведност. Неправедните ќе немаат каде да се скријат. Затоа д...