Skip to main content

Добрата Вест


Го почнав денот со оваа прекрасна песна. Самата музика изразува мир и спокојство, а рефренот кажува дека Божјата љубов слезе од небото да ме спаси и да ме ослободи. Првата строфа вели: кога моето срце ми премира, и кога не можам да го слушам Твојот глас, се препирам на она што е вистинско, иако не можам да гледам. 

Искрено, не знам каде ќе бев вечерва без Бог во мојот живот. Можеби мислете дека премногу сум влезена во овие духовни работи, но не можам доволно да ја објаснам важноста на духовниот живот. Божјиот стандард се наоѓа во десетте заповеди од книгата Излез 20:1-17 во Стариот Завет. Кој од нас може да каже дека не сум скршил ниеден од тие закони? НИЕДЕН ОД НАС!! Библијата вели дека сите сме згрешиле (Римјаните 3:23) и затоа Бог не може да нѐ прими кај Него во рајот како што сме. Тој е свет, а ние сме грешници без исклучок (освен Исус). Но има ДОБРА ВЕСТ. 

Добрата Вест 

Зборот 'евангелие' е од грчкиот збор 'εὐαγγέλιον'. Зборот означува 'добра вест'. Евангелието е едноставна радосна порака од Бог за нас:

'Зашто Бог толку го возљуби светот, што Го даде Својот Единороден Син, та секој, кој верува во Него, да не загине, туку да има вечен живот.' Евангелието според Јован 3:16.

Дали веруваме во тој стих? Според стихот ако веруваме во Исус, имаме вечен живот. 

Не е само да веруваме дека постои Исус или дека умре за нас - вистина е тоа, но вели Библијата во Јован 15:1-10:

'Исус им рече на Своите ученици: „Јас сум вистинската Лоза а Мојот небесен Татко е Лозарот. Секоја прачка на Мене, која не раѓа плод, Тој ја отсечува. А секоја прачка што раѓа плод, Тој ја чисти, за да дава уште повеќе род. Вие сте веќе чисти преку словото што ви го проповедав. Останете сврзани за Мене и Јас ќе останам сврзан за вас. Како што прачката не може да раѓа плод сама од себе, ако не е сврзана за лозата, така ни вие нема да можете да бидете плодотворни, ако не останете сврзани за Мене.
Јас сум Лозата, а вие сте прачките. Ако останете сврзани за Мене и Јас за вас, ќе бидете многу плодотворни. А без Мене не можете да постигнете ништо. Ако не останете сврзани за Мене, ќе бидете исфрлени како отсечени прачки и ќе се исушите. А сувите прачки ќе бидат собрани и в оган изгорени. Ако останете сврзани за Мене и ако Моето учење се вкорени во вас, тогаш секоја ваша молитва ќе ви биде исполнета. Кога вие ќе станете Мои плодотворни ученици, тоа ќе Му донесе слава на Мојот небесен Татко. Јас ве сакам исто како што и Таткото Ме сака Мене. Останете во Мојата љубов. Вие ќе останете во Мојата љубов, ако ги извршувате Моите заповеди, исто како што Јас ги исполнив заповедите на Мојот Татко и останувам во Неговата љубов.'



Често пати учише Исус со слики. Сликата во овој пасус е Лозата (Исус), Лозарот (Бог Таткото) и прачките (верниците). Овој текст објаснува дека не е доволно само да кажеме со устата дека веруваме. Исус бара повеќе од нас. Треба да има духовен плод во нашите животи. Да останеме блиску до Него значи да одделиме време секој ден да се дружиме со Него преку молитва и читање во Библијата. Она што го знаеме од Библијата треба да го практикуваме дневно, не само во недела!! Ќе останеме во Исусовата љубов ако го запазиме Неговото учење. Како ќе го запазиме Неговото учење ако не го знаеме? Јас сум премногу благодарна на оние кои ме научија од моето детство за Исус и Божјото Слово. Препорачувам да одите на Библиски час да ги сваќате овие работи сериозно, затоа што христијанскиот живот не е игра. Она што ние го правиме на земјата ќе има траги во вечноста. Ако сакате повеќе информација за библиски час или сакате да добиете Нов Завет (бесплатно), пуштите порака во мојот инбокс. Да не се сраметe!

Еден ден ќе се појавам после смртта пред Исус и сигурна сум ќе ми каже дека не бев доволно 'влезена во овие духовни работи'. Неговото учење треба да влијае врз сѐ што правам. Какви мотивации имам? Дали правам сѐ од љубов или од корист? Дали ги сакам луѓето околу мене или дали ширам гласови за нив? Библијата има многу учења за сите аспекти во животот. Сакам мојот став и карактер да Му бидат угодни на Бог.

Ако се решивме да станеме сериозни следбеници на Исус, мораме да признаеме дека сме грешници (Јас прво!!), да се покаеме и да се свртиме во спротивниот правец (то ест да избегнуваме од сите познати гревови) и да Го следиме Исус според Неговото учење во Библијата. Нема да можеме да го правиме тоа преку сопствената сила, затоа Исус ќе ни го даде Светиот Дух која е трета личност во тројството (Таткото, Синот и Светиот Дух). 

Добрата вест е дека Исус умре и воскресна за да ни даде нов живот. Кој не Го пифаќа Исус ќе биде како прачката која не раѓа плод - ќе биде фрлен во оган (пеколот). Ако не сме со Исус на земјата, нема да бидеме со Него во вечноста и затоа е толку важна тема што ме лежи на срцето вечерва. Се молам за сите нас во Битола да живееме за Божјата слава! Нека да биде прославено Неговото име во целата Македонија до крајот на светот! Божји благослов! 

Comments

Popular posts from this blog

The Mystery that is Macedonia

When I first came to Macedonia on a visit in 2001, I found this little country so intriguing and breathtakingly beautiful that I happily accepted the invitation to return for a longer period. That ‘longer period’ has now extended itself to several years during which I have had many enriching, memorable experiences. I thought it might be interesting to jot down a few observations about the difference in culture. I appeal to my Macedonian readers not to misunderstand my intentions. What I have observed are customs and habits which are as normal to you as breathing and sleeping, but to someone from an entirely different culture, they are both interesting and noteworthy. It is always thrilling for me to explore how various nations function and it is nothing short of a privilege to experience a foreign culture first-hand. Hospitality Macedonians are a friendly, hospitable people. I do not know how many times they have almost literally killed me with kindness. Indeed, I have often...

Quiet Time

I must admit, I love the morning. The peace, the silence, the coffee... And most importantly, the presence of God! The Psalmist loved the morning. We can catch his sense of joy as he lifted up his heart to praise Yahweh, the Keeper of his soul. It is good to give thanks to the LORD, And to sing praises to Your name, O Most High; To declare Your lovingkindness in the morning, And Your faithfulness every night, On an instrument of ten strings, On the lute, And on the harp, With harmonious sound. For You, LORD, have made me glad through Your work; I will triumph in the works of Your hands. Psalm 92:1-4 Even though I grew up in a Christian family, I did not realize the importance of having a ‘quiet time’ with God each morning until I was 18. This materialized through a challenging teaching on the subject one Saturday evening. Then began an incredible journey of discovering truth for myself. The Bible is the LIVING WORD OF GOD! How exciting to hold it in our hands and learn throu...

Did Jesus Rise from the Dead?

The Garden Tomb, Jerusalem. And if Christ has not been raised, then our preaching is in vain and your faith is in vain. (1 Corinthians 15:14 ESV) In the past few days, I have read several articles that question the claims of Easter — ‘There is no evidence of the resurrection,’ the proponents write, ‘it is a fabrication, the Biblical text is not reliable…’ On the contrary, the existing evidence presents a solid argument. The apostle Paul asserts that the litmus test of Christianity is the resurrection. The more I read and analyze the evidence, the more I become convinced intellectually in addition to knowing the living Christ by faith. Testimony of Women The Gospel writers record that the first witnesses of the empty tomb were women: Now it was Mary Magdalene and Joanna and Mary the mother of James and the other women with them who told these things to the apostles. (Luke 24:10 ESV) In the first century, a woman’s testimony did not count; if the story had been fabricated, Luke and the o...