Дали сме свесни дека Творецот на целиот универзум ни испрати љубовно писмо на земјата? Библијата која била напишана во текот на 1500 години од најмалку 40 различни писатели, е најважната и најскапоцената книга што можеме да држиме во нашите раце. Самата Библија ни вели: Целото Писмо е од Бога вдахновено и е полезно за поука, за изобличување, за поправање и за воспитување во правдата ... 2 Тимотеј 3:16 Апостолот Петар објаснува: ...никогаш пророштвото не дошло од човечка волја туку светите Божји луѓе зборувале носени од Светиот Дух . 2 Петрово 1:21 На тој начин Светото Писмо било напишано кога Светиот Дух им зборувал на писателите и тие го напишале она што им било речено. Живиот Бог сакаше да ни пренесе една многу важна порака и начинот беше преку една книга. Кога читаме за историјата на Библијата, гледаме дека имало многу обиди да се уништи секој нејзин примерок но Бог ја чувал на чудесен начин преку Евреите, апостолите, раните христијани и црквата. Колку луѓе се умрени во ...