Skip to main content

Posts

Showing posts with the label prvata zapoved

Плачам внатре

Морам да признаам денес дека нешто гори во мене. Како Еремија, мислев вака:  И реков во себеси: 'Веќе не ќе мислам на Него, ниту ќе зборувам во Неговото име.' Но тогаш во моето срце беше како распламенат оган запретан во моите коски: напразно се трудев да издржам, не можев веќе.  (Еремија 20:9). Божјото Слово гори во мене затоа што тоа е вистината. Виситната само може да го осветли нашиот пат. Давид пишува во Псалм 119:105:  Твоето слово е светилка на мојата нога и светлина на мојата патека . Се прашувам, дали јас го сакам Божјото Слово како Божјиот авторитет на земјата или дали е човечкото размислување поважно? Прашањето падна на мојот ум вчера после еден разговор со многу драга жена. Зборувавме за нашата вера, но жената беше повеќе воодушевена од свеците и иконите во нејзиниот фризерски салон од Самиот Исус. Искрено плачев внатре. Кој светец умре за мене? Кој икон страдаше за моите гревови? Еве плачам дури пишувам. Кога ќе сфатиме дека нашиот Спасител, возљубениот Божј...