Skip to main content

Posts

Showing posts with the label Спасение

Поголема трагедија

Мои сакани пријатели, ако вие сте како мене, ги гледате овие трагични случки што се случуваат во светот моментално и мислите колку е страшно и жалосно за луѓето. Колку мора човештвото да страда! Вчера загинаа 298 души во несреќата на малезискиот авион во источна Украина. Каква трагедија! Секој ден умират луѓе од глад, убиство, прогонување, несреќи, абортус... Списокот нема крај! Но сабајлево дури да се молам ми дојде мислата дека ќе биде поголема трагедија ако умреме без Исус ! Библијата ни е дадена да нѐ предупредува за идниот суд во вечноста. Евреите 9:27-28: 'И како што на човекот му е определено да умре еднаш, а потоа суд, така Христос, откако беше принесен еднаш за да ги земе гревовите на мнозина, ќе се јави вторпат без грев, а спасение на оние кои го очекуваат.' Многу од вас мислите дека е доволно да живееме мирен живот на земјата и кога ќе умреме, ќе видиме дали ќе имаме шанса да влеземе на небо! Ова е голема грешка и лага! Слушајте што вели Библијата за таа тема:  ...