Skip to main content

Денот ќе дојде

Живееме во многу важни значаjни денови. Христијаните кои се интерисираат за Библијата и пророштвата за иднината сигурно ги следат актуелните случки во Израел и во земјите околу него. Според Библијата знаеме дека нема да има вистински мир на земјата додека не е дојден Исус. Крајните денови ќе бидат карактеризирани со ескалација на беззаконие и знаците опишани во Матеј 24-25. Господ Исус рече во Матеј 24:7-14:  

"Зашто ќе се дигне народ против народ и царство против царство; и ќе има глад, и помор, и земјотреси на различни места. Но сѐ тоа е само почеток на страдањата. Тогаш ќе ве предадат на маки и ќе ве убиваат, и сите народи ќе ве замразат заради Моето име. Тогаш мнозина ќе се соблазнат, и едниот ќе го предава другиот, и едниот ќе го мрази другиот, и ќе се јават многу лажни пророци и ќе заблудат мнозина. И заради многу беззаконија, љубовта ќе олади кај мнозина. А кој ќе издржи до крај, ќе биде спасен. И ова Евангелие за Царството ќе биде проповедано по целиот свет, за сведоштво на сите народи, и тогаш ќе дојде свршетокот."

Денес читав дека ситуацијата во Ирак е очајна - терористичката група ИСИС ја има контролата врз голем дел од Ирак и Сирија и илјадници луѓе се побегнати од нивните градови. Многу христијани се веќе убиени. Нема многу храна и дел од интернетските врски се паднати. Сега пред малку читав дека Израел мобилизира 40,000 резервисти поради офанзивата против исламското движење Хамас во Појасот Газа. Тензиите се зголемија по убиството на тројца израелски тинејџери минатиот месец. Има многу невоља и немир во други земји и прогонувањето на христијаните претежно од муслиманите продолжува да се зголемува. Научниците велат дека се зголеми двапати бројот на големите земјотреси без причина во првите 3 месеци 2014 во споредба со истиот период во 1979. Сите од знаците спомнети во Матеј 24 се видливи во светот денес. Во Матеј 24:32-35 Исус опоменува :

"Сфатете ја оваа споредба преку примерот со смоквата: штом ќе и се подмладат гранките и ќе пуштат лисје, знаете дека наближува летото. Така и вие, кога ќе видите дека сите овие случки што ви ги опишав се одвиваат, ќе знаете дека дошло времето и веќе е на прагот. Ве уверувам дека сите овие настани ќе се одиграат пред да изумре оваа генерација. Небото и Земјата ќе ги снема, но Моите зборови ќе останат!"





Поделени се мислењата во врска со библиската есхатологија (теологија за крајот на светот) меѓу христијаните. Неколку мислат дека христијаните (црквата) ќе останат во светот кога ќе ја има големата невоља нареченa во Матеј 24:15 'одвратноста на запустувањето', а другите веруваат дека Исус ќе дојде пред тоа во облаците и црквата (христијаните) ќе биде грабната. Павле пишува во 1 Солунјаните 4:15-18:

"Ова ни е кажано од Господ. Тој ни рече дека ние што ќе бидеме живи кога Тој повторно ќе дојде, ќе се сретнеме со Него откако Тој претходно ќе ги воскресне починатите. Господ Лично ќе се симне од небото, со силен глас ќе заповеда, со глас на архангел и со труба Божја, и прво ќе воскреснат оние што верувале во Христос пред да починат; потоа ние што сме живи, заедно со нив, ќе бидеме грабнати во облаците, за да се сретнеме со Господ и засекогаш да останеме со Него. Затоа, утешувајте се и охрабрувајте се меѓусебно со овие зборови."


  

Јас лично верувам дека ова може да се случи во секој момент заота што ги имаме знаците околу нас и навистина деновите се како Ноевите денови: 

"Кога ќе дојде Синот Човечки, состојбата во светот ќе биде како во времето на Ное. Имено, пред самиот потоп, луѓето јадеа, пиеја, се женеа и се мажеа се до денот кога Ное влезе во бродот; и не сфатија што се случува, додека не дојде потопот и ги однесе сите. Така ќе биде и кога ќе се врати Синот Човечки." (Матеј 24: 37-39)

Го спомнав Израел веќе. Читаме во Езекиел 36:19 дека народот Израел беше распрснат меѓу народите поради нивниот грев, но во Езекиел 37 го има пророштвото во стих 21: 'Господ Бог зборува вака: "Еве ќе ги соберам Израелевите синови од народите во кои што дојдовте, ќе ги соберам отсекаде и ќе ги одведам во нивната земја."' Пророштвото се исполнува до ден денес почнувајќи од 1948 кога Израел стана држава. Има повеќе од 6 милиони Евреи денес во државата и сѐ уште се враќаат од многу различни земји. Знаеме од Библијата дека во последните денови земјите околу Израел ќе сакаат да го уништат. Псалмистот пророкува дека непријателите на Израел ќе велат: "Дојдете да ги истребиме, за да не бидат народ, нека не се спомнува повеќе името Израел!" (Псалм 83:4). Езекиел 38 го содржи пророштвото за војна против Израел во крајните времиња. Езекиел ги спомнува земјите кои ќе го нападнат Израел: Гога, денешната Русија, Персија, денешниот Иран, Куш, денешниот Судан, Пут, денешната Либиjа, Гомер, денешната Турција и 'многу народ' кои можат да бидат непријателите од Израел во близина до него. Гледаме денес дека овие земји ќе можат брзо да направат сојуз против Израел.  Знаеме дека војната против Израел во Езекиел 38 не е војната во Армагедон (видете во Откровение 16:16, 19:11-21) затоа што тогаш сите народи ќе го нападнат Израел и Исус ќе победи на тој ден.  Таа војна може да дојде против Израел наскоро и тогаш живиот Бог ќе интервенира:

'Во оној ден кога Гога ќе падне врз Израелевата земја - говори Господ Бог - гневот ќе Ми пламне во Мојата јарост. Во мојата ревност и во огнот на Мојот гнев, одлучив: Во оној ден ќе има силен потрес во Израел. И ќе се тресат под мене морските риби и небесните птици, полските ѕверови и лазачите што ползат по земјата и сите луѓе што живеат на неа ... Ќе му судам со помор и со крв. И ќе спуштам силен поројник и град од камења, оган и сулфур врз него, врз неговите чети и врз многуте народи што ќе бидат со него. И ќе се возвеличам и ќе се објавам пред сите народи, и ќе познаат дека ЈАС СУМ ГОСПОД.' Езекиел 38:18-23 (скратено)

Живееме под Божјата преголема милост и дури заборавиме дека Божјиот распоред за иднината ќе се исполни. Мислете дека Бог уште многу ќе ја трпи оваа огромна неправедност и беззаконие во светот? Не верувам. Денот ќе дојде кога ќе го изврши сето тоа што го вети во Библијата и заедно со Евреите, христијаните (спасени луѓе од сите народи) ќе бидеме во Неговото Царство со Него. Дали сме спремни? Денот ќе дојде. Мараната!  


Comments

Popular posts from this blog

The Mystery that is Macedonia

When I first came to Macedonia on a visit in 2001, I found this little country so intriguing and breathtakingly beautiful that I happily accepted the invitation to return for a longer period. That ‘longer period’ has now extended itself to several years during which I have had many enriching, memorable experiences. I thought it might be interesting to jot down a few observations about the difference in culture. I appeal to my Macedonian readers not to misunderstand my intentions. What I have observed are customs and habits which are as normal to you as breathing and sleeping, but to someone from an entirely different culture, they are both interesting and noteworthy. It is always thrilling for me to explore how various nations function and it is nothing short of a privilege to experience a foreign culture first-hand. Hospitality Macedonians are a friendly, hospitable people. I do not know how many times they have almost literally killed me with kindness. Indeed, I have often...

Quiet Time

I must admit, I love the morning. The peace, the silence, the coffee... And most importantly, the presence of God! The Psalmist loved the morning. We can catch his sense of joy as he lifted up his heart to praise Yahweh, the Keeper of his soul. It is good to give thanks to the LORD, And to sing praises to Your name, O Most High; To declare Your lovingkindness in the morning, And Your faithfulness every night, On an instrument of ten strings, On the lute, And on the harp, With harmonious sound. For You, LORD, have made me glad through Your work; I will triumph in the works of Your hands. Psalm 92:1-4 Even though I grew up in a Christian family, I did not realize the importance of having a ‘quiet time’ with God each morning until I was 18. This materialized through a challenging teaching on the subject one Saturday evening. Then began an incredible journey of discovering truth for myself. The Bible is the LIVING WORD OF GOD! How exciting to hold it in our hands and learn throu...

Did Jesus Rise from the Dead?

The Garden Tomb, Jerusalem. And if Christ has not been raised, then our preaching is in vain and your faith is in vain. (1 Corinthians 15:14 ESV) In the past few days, I have read several articles that question the claims of Easter — ‘There is no evidence of the resurrection,’ the proponents write, ‘it is a fabrication, the Biblical text is not reliable…’ On the contrary, the existing evidence presents a solid argument. The apostle Paul asserts that the litmus test of Christianity is the resurrection. The more I read and analyze the evidence, the more I become convinced intellectually in addition to knowing the living Christ by faith. Testimony of Women The Gospel writers record that the first witnesses of the empty tomb were women: Now it was Mary Magdalene and Joanna and Mary the mother of James and the other women with them who told these things to the apostles. (Luke 24:10 ESV) In the first century, a woman’s testimony did not count; if the story had been fabricated, Luke and the o...