Skip to main content

Плачам внатре

Морам да признаам денес дека нешто гори во мене. Како Еремија, мислев вака: И реков во себеси: 'Веќе не ќе мислам на Него, ниту ќе зборувам во Неговото име.' Но тогаш во моето срце беше како распламенат оган запретан во моите коски: напразно се трудев да издржам, не можев веќе. (Еремија 20:9). Божјото Слово гори во мене затоа што тоа е вистината. Виситната само може да го осветли нашиот пат. Давид пишува во Псалм 119:105: Твоето слово е светилка на мојата нога и светлина на мојата патека. Се прашувам, дали јас го сакам Божјото Слово како Божјиот авторитет на земјата или дали е човечкото размислување поважно? Прашањето падна на мојот ум вчера после еден разговор со многу драга жена. Зборувавме за нашата вера, но жената беше повеќе воодушевена од свеците и иконите во нејзиниот фризерски салон од Самиот Исус. Искрено плачев внатре. Кој светец умре за мене? Кој икон страдаше за моите гревови? Еве плачам дури пишувам. Кога ќе сфатиме дека нашиот Спасител, возљубениот Божји Син плати една преголема, неискажлива цена за нас? Само преку Неговата скапоцена крв имаме пристап кон Божјиот престол и присуство. Библијата вели: 

Христос е видлива слика на невидливиот Бог.
Тој постоеше уште кога Бог ништо не беше создал.
Преку Христос Бог ги создаде сите нешта
и на небото и на земјата:
тоа што се гледа и тоа што не се гледа,
сите престоли и власти,
сите владетели и властодршци,
се беше создадено преку Него и за Него.
Тој постои пред се и ги одржува сите нешта.
Христос е глава на Црквата, која е Негово тело.
Тој е Почетокот, прв што воскресна од мртвите,
зашто Бог одбра во Него
во целост да се всели Божјата природа
и преку Него да ги помири со Себе сите,
било да се на земјата, или на небото,
воспоставувајќи мир преку Својата крв, пролеана на крстот. 
Колосјаните 1:15-20

Не постои никој поголем, помоќен, подостоен од Исус. Тој ја има првата позиција во созданието. Ако се поклонуваме пред нешто друго, пред било каков предмет или слика, хулиме на Божјиот Син. Денес следниве зборови горат во мене:

ЈАС СУМ ГОСПОД, ТВОЈ БОГ, КОЈ ТЕ ИЗВЕДЕ ОД ЕГИПЕТСКАТА ЗЕМЈА, ОД КУЌАТА НА РОПСТВОТО. НЕ ЌЕ ИМАШ НИКАКВИ ДРУГИ БОГОВИ ПОКРАЈ МЕНЕ. НЕ ЌЕ СИ ПРАВИШ ВРЕЗАН ЛИК, НИТУ НЕКАКВА СЛИКА НА ОНА ШТО Е ГОРЕ ВО НЕБОТО ИЛИ ДОЛУ НА ЗЕМЈАТА, ИЛИ ВО ВОДАТА ПОД ЗЕМЈА. НЕ ЌЕ ИМ СЕ ПОКЛОНУВАШ НИТУ ЌЕ ИМ СЛУЖИШ, ЗАШТО ЈАС, ГОСПОД, ТВОЈОТ БОГ, СУМ РЕВНИВ БОГ.

 Овие зборови се наоѓаат во Излез 20:2-5 - ПРВАТА ЗАПОВЕД!!

Исус рече: Бог е Дух и кој Му се поклонуваат, треба да Му се поклонуваат во дух и вистина.

Како изгледа тоа? 

Дали треба сеуште да принесуваме жртви?



Дефинитивно НЕ! А Христос принесе само една жртва, која има вечна вредност, и потоа седна на почесно место, од десната страна на Бог. Евреите 10:12

Вака изгледа поклонување во дух и вистина:



Нека да гори Божјото Слово во нас од денес и засекогаш! Исус рече: Ако некој Ме сака, ќе му се покорува на Моето учење. Тогаш Мојот Татко ќе го засака и Ние ќе дојдеме кај тој човек и во него ќе живееме.  А тој што не Ме сака, нема да му се покорува на Моето учење.  Јован 14:23-24

Comments

Popular posts from this blog

The Mystery that is Macedonia

When I first came to Macedonia on a visit in 2001, I found this little country so intriguing and breathtakingly beautiful that I happily accepted the invitation to return for a longer period. That ‘longer period’ has now extended itself to several years during which I have had many enriching, memorable experiences. I thought it might be interesting to jot down a few observations about the difference in culture. I appeal to my Macedonian readers not to misunderstand my intentions. What I have observed are customs and habits which are as normal to you as breathing and sleeping, but to someone from an entirely different culture, they are both interesting and noteworthy. It is always thrilling for me to explore how various nations function and it is nothing short of a privilege to experience a foreign culture first-hand. Hospitality Macedonians are a friendly, hospitable people. I do not know how many times they have almost literally killed me with kindness. Indeed, I have often...

Quiet Time

I must admit, I love the morning. The peace, the silence, the coffee... And most importantly, the presence of God! The Psalmist loved the morning. We can catch his sense of joy as he lifted up his heart to praise Yahweh, the Keeper of his soul. It is good to give thanks to the LORD, And to sing praises to Your name, O Most High; To declare Your lovingkindness in the morning, And Your faithfulness every night, On an instrument of ten strings, On the lute, And on the harp, With harmonious sound. For You, LORD, have made me glad through Your work; I will triumph in the works of Your hands. Psalm 92:1-4 Even though I grew up in a Christian family, I did not realize the importance of having a ‘quiet time’ with God each morning until I was 18. This materialized through a challenging teaching on the subject one Saturday evening. Then began an incredible journey of discovering truth for myself. The Bible is the LIVING WORD OF GOD! How exciting to hold it in our hands and learn throu...

Did Jesus Rise from the Dead?

The Garden Tomb, Jerusalem. And if Christ has not been raised, then our preaching is in vain and your faith is in vain. (1 Corinthians 15:14 ESV) In the past few days, I have read several articles that question the claims of Easter — ‘There is no evidence of the resurrection,’ the proponents write, ‘it is a fabrication, the Biblical text is not reliable…’ On the contrary, the existing evidence presents a solid argument. The apostle Paul asserts that the litmus test of Christianity is the resurrection. The more I read and analyze the evidence, the more I become convinced intellectually in addition to knowing the living Christ by faith. Testimony of Women The Gospel writers record that the first witnesses of the empty tomb were women: Now it was Mary Magdalene and Joanna and Mary the mother of James and the other women with them who told these things to the apostles. (Luke 24:10 ESV) In the first century, a woman’s testimony did not count; if the story had been fabricated, Luke and the o...