Skip to main content

Празни Раце


Веќе знаете дека најважната книга на земјата за мене е Библијата. Читам од Библијата повеќе од 20 години секој ден - една интересна книга најмногу може да се прочита можеби до 3 пати, а како можам толку пати да ја читам Библијата без да ме стане досадна? Никогаш не ми здосади да го читам Писмото затоа што е Божји ЖИВ збор. Не е само храна за душата туку еден начин на кој Бог зборува со Неговите следбеници. Затоа во читањето Бог ми свртува внимание на некој стих или фраза понекогаш и мислам на тоа подолгу време. Тоа ми се случи неодамна кога читав во Стариот Завет во книгата Излез за Законот даден на Евреите. Тогаш требаше Евреите да слават седум празници секоја година и во Излез 23 читаме за правилата за три од тие празници. До ден денес Евреите ги слават празниците без да знаат дека Исус Месијата го исполни Законот и добиевме Нов Завет (видете во Евреите 9). Но сепак читав една реченица околу Празникот на бесквасен леб што ми се заглави во мислите: Нека никој не истапува пред Мене со празни раце! (Излез 23:15).

Буквално не смеаа Евреите да истапуваат пред Господ со празни раце за времето на празникот. Требаше жртви да Му принесуваат на Господ (Левит 23:8). Почнав да размислувам на кој начин можам јас да истапувам пред Него со празни раце? Една работа да биде многу јасна, не можеме да го заработуваме нашето спасение преку "жртви". Тоа би Му била голема навреда на Бог ако мислиме дека можеме да се спасиме преку нашите добри дела! Спасението е многу скапо платено! Господ Исус направи сѐ за нас да нѐ спаси. Се предаде за нас како жртва за нашите гревови на крстот и ако го прифатиме спасението кое ни е понудено преку вера, имаме вечен живот (видете Јован 3:16, 36). Нема потреба да Му принесуваме жртви на Бог затоа што како што Павле пишува: Бог го измири светот со Себе во Христа, не засметувајќи им ги нивните престапи и вложувајќи го во нас словото на измирувањето. (2 Коринтјаните 5:19). Не можеме да додадаме ништо на тоа завршено дело. Ефесјаните 2:8-9 вели: Зашто по благодат сте спасени, преку верата, и тоа не е од вас самите - тоа е Божји дар! Не од делата, за да не се фали некој. Но ако веќе сме го прифателе спасението преку покајание и вера во спасителната жртва на Господ Исус, го имаме долгот на благодарност пред Него. Никогаш не можеме да го платиме тој долг! Благодарноста за Неговата жртва и преголема љубов треба да нѐ мотивира да Му служиме на Господ. Не ги заслужавме Неговата благодат и милост што се излеани врз нас како океан!

Што можам да носам во моите раце за да не бидат празни пред Господ? Сакам да спомнам три точки, но сигурно има и други.

1. Прво веќе спомнав БЛАГОДАРНОСТ! Од благодарност ќе Го славиме со песни и ќе се радуваме во Неговото Слово:

И така, преку Него да Му принесуваме постојано на Бога пофална жртва, односно: плод на усните, кои го исповедуваат Неговот име. Евреите 13:15

Кога доаѓаме во недела во црквата (собирање на верници) дали одиме пасивно како посетители на театар или одиме активно да Го славиме Господ од сѐ срце? Колку ќе Го славиме ќе зависи од тоа колку време поминавме со Него претходната седмица.

2. Второ нашите раце треба да бидат полни со ДОБРИ ДЕЛА. Библијата зборува за добри дела:

Имено, Негово дело сме, создадени во Исуса Христа, за добри дела, кои Бог ги подготви однапред, за да живееме во нив. Ефесјаните 2:10

Павле Му пишува на Тит: ...Исус Христос, Кој се даде Самиот Себе место нас, за да нѐ избави од секакво беззаконие и да очисти за Себе сопствен народ, кој Му припаѓа, кој ревнува за добрите дела! Тит 2:14

Живееме во една земја каде што има многу луѓе со потреба. Господ ми зборува сега да ревнувам за добрите дела. Се срамам дека не ревнувам секогаш, но треба да ги гледаме потребите на другите и им служиме со понизност и љубов. Тоа може да биде давање на нашето време, внимание, утеха, пари, совет, молитви и многу други работи. Како што вели Словото:

А не заборавајте ги: добротворството и делењето со другите, зашто со такви жртви Му се угодува на Бога! Евреите 13:16

3. Трето нашите раце треба да бидат полни со нашето СВЕДОЧЕЊЕ за прекрасните дела на Бог и да им кажиме вистината од Библијата на другите. Дали ќе бидат други луѓе на небо поради нашата грижа да им го објаснуваме евангелието? Имаме спасение, мир и прекрасен живот со Бог. Дали сакаме другите да го имаат тоа?  Да не заборавиме:

Праведниковиот плод е дрво на животот, а мудрец е, кој придобива души. Пословици 11:30

Мојата молитва денес е да не истапувам никогаш пред Господ со празни раце, туку да бидат полни со жртвите кои Тој ги бара од нас. Кога ќе се појавиме пред Христовиот суд на тој ден, дали ќе имаме празни раце? Да размислиме за тоа, најпрво јас!  Амин!

Comments

Popular posts from this blog

The Mystery that is Macedonia

When I first came to Macedonia on a visit in 2001, I found this little country so intriguing and breathtakingly beautiful that I happily accepted the invitation to return for a longer period. That ‘longer period’ has now extended itself to several years during which I have had many enriching, memorable experiences. I thought it might be interesting to jot down a few observations about the difference in culture. I appeal to my Macedonian readers not to misunderstand my intentions. What I have observed are customs and habits which are as normal to you as breathing and sleeping, but to someone from an entirely different culture, they are both interesting and noteworthy. It is always thrilling for me to explore how various nations function and it is nothing short of a privilege to experience a foreign culture first-hand. Hospitality Macedonians are a friendly, hospitable people. I do not know how many times they have almost literally killed me with kindness. Indeed, I have often...

Quiet Time

I must admit, I love the morning. The peace, the silence, the coffee... And most importantly, the presence of God! The Psalmist loved the morning. We can catch his sense of joy as he lifted up his heart to praise Yahweh, the Keeper of his soul. It is good to give thanks to the LORD, And to sing praises to Your name, O Most High; To declare Your lovingkindness in the morning, And Your faithfulness every night, On an instrument of ten strings, On the lute, And on the harp, With harmonious sound. For You, LORD, have made me glad through Your work; I will triumph in the works of Your hands. Psalm 92:1-4 Even though I grew up in a Christian family, I did not realize the importance of having a ‘quiet time’ with God each morning until I was 18. This materialized through a challenging teaching on the subject one Saturday evening. Then began an incredible journey of discovering truth for myself. The Bible is the LIVING WORD OF GOD! How exciting to hold it in our hands and learn throu...

Did Jesus Rise from the Dead?

The Garden Tomb, Jerusalem. And if Christ has not been raised, then our preaching is in vain and your faith is in vain. (1 Corinthians 15:14 ESV) In the past few days, I have read several articles that question the claims of Easter — ‘There is no evidence of the resurrection,’ the proponents write, ‘it is a fabrication, the Biblical text is not reliable…’ On the contrary, the existing evidence presents a solid argument. The apostle Paul asserts that the litmus test of Christianity is the resurrection. The more I read and analyze the evidence, the more I become convinced intellectually in addition to knowing the living Christ by faith. Testimony of Women The Gospel writers record that the first witnesses of the empty tomb were women: Now it was Mary Magdalene and Joanna and Mary the mother of James and the other women with them who told these things to the apostles. (Luke 24:10 ESV) In the first century, a woman’s testimony did not count; if the story had been fabricated, Luke and the o...